Категории

Овие 7 реченици ги изговараат само слабите личности: Карактеристики на инфериорните и неспособните луѓе!

Вештините на комуникација може да се научат

Ако сакате луѓето да веруваат во вас, прво мора да верувате вие во себе. И кога верувате во себе, тоа мора да се види – и да се слушне.

Личноста која верува во себе / не треба да звучи молежливо и понизно. Конкретно, ако ги изговарате следниве 7 реченици, вие нема да звучите ни способно, ни силно, туку како една обична слаба личност!

 

Не сакам да ве вознемирувам, но …

Кога станува збор за нешто важно и итно, веројатно треба некого да „вознемирите“или да му се обратите. Вие тука навистина не сакате да почувствувате непријатност од изложување на проблеми на други луѓе и да чекате одговор. Најмногу се плашите од отфрлање.

Оваа фраза треба да ја заборавите засекогаш. Кога ќе го кажете тоа, вие веднаш ја предавате контрола врз вас на друга личност или група на луѓе, и себеси се прикажувате како неодлучна слаба личност. Ако не сте сигурни дали другата личност има време да разговара со вас, едноставно кажете: Ако имате минута, би сакал да зборувам со вас за некои проблеми / работи / предлози …

 

Извини … (без причина)

Силна личност која верува во себе, никогаш нема да се плаши да ја признае својата грешка и да се извини за неа. Но, кај слабите личности, зборот „извини“ се повторува дури и кога нема потреба од тоа. На овој начин покажувате дека сте инфериорни. Колку пати на ден го кажувате овој збор? Колку пати навистина требаше да го кажете? Дали навистина сторивте нешто лошо? Размислете внимателно пред да кажете извини!

 

Се грижам …

Несигурните луѓе ја користат оваа фраза многу често. Тие навистина се загрижени за нешто, но претежно премногу и без реална основа. Кога тоа ќе го кажете гласно, ќе покажете дека размислувате многу за негативниот исход на некоја ситуација и дека немате ни малку оптимизам. На крајот, сите ќе започнат да ве избегнуваат затоа што никој не го сака негативниот став.

 

Јас ќе го направам тоа сам…

Успешните луѓе не се плашат да преземат одговорност и да тргнат во акција. Но, тие ја вршат својата работа за што се одговорни, никако не преземајќи ги сите можни детали – од готвење кафе до чистење на канцеларијата, покрај нивната основна работа. Кога го правите вие ова, автоматски покажувате дека сте слаба личност која не се почитува себеси, така што ни другите нема да ве почитуваат. Бидете тимски играч, но не се обидувајте да направите сè наместо другите.

 

Јас само сум …

Секој пат кога ќе ја кажете оваа фраза, автоматски ја намалувате важноста на она што го кажувате.

 

Ако не ви е тешко, дали можете …

Секогаш кога практично барате дозвола да прашате нешто, вие испраќате порака дека вашето барање не е толку важно. Притоа, вие му олеснувате на лицето да ви рече Не. Кажете сè што имате во нормален тон, со самодоверба, дури и ако разговарате со вашиот шеф. Не користете тон за молење, така што да не изгледа дека барате помош. Започнете со следниве зборови: Кога имате слободно време, ве молам …

Верувам / мислам / чувствувам дека …

Сосема бесмислени фрази што укажуваат на вашата несигурност. Наместо да кажете: Верувам дека ова е важно за нас, кажете јасно и авторитативно: Ова е многу важно за нас.

Прегледи:
574
Објавено на:
04.04.2020