Категории

Овие две особини ги имаат најдобрите љубовници. Дали сте едни од нив?

Колку често водиме љубов има врска со карактерот, а најново истражување покажало дека луѓето со одредени карактерни црти имаат и најбогат сексуален живот.

Во истражувањето објавено во еден британски магазин, учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи. Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да се одреди поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањата со цел да се помогне на другиот без да очекувате награда, а според тоа колку некој има успех во љубовта, односно со врските и сексуалниот живот.

Во истражувањето е заклучено дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од останатите и најмногу се задоволни.

Кај мажите, тоа ги вклучува и партнерките за секс без обврски. Студијата не дала одговор на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се покажуваат како најдобро решение.