Оси Сааринен е фотограф од Финска, кој обожава да фотографира диви животни.
Многу често на неговите фотогафии можеме да забележиме вистински верзии на “Angry Birds”. Иако на прв поглед изгледаат страшни, во комбинаицја со описот кој Оси им го дава, изгледаат смешни.
Оси исто така е голем љубител и на природата. Тој поминува многу часови во шумата, нетрпеливо чекајќи ги и набљудувајќи ги со неговата камера.
Се надева дека неговите фотографии ќе им дадат малку среќни моменти на луѓето и ќе им бидат инспирација да се грижат повеќе за природата.