Категории

Овие грешки ги прават жените со кафеави очи при шминкањето

Бојата на сенката за очи и тушот можат да бидат ваш најголем пријател, но и непријател доколку не ги изберете соодветните.

Кафеавите очи можат да бидат мистериозни, егзотични, заводливи и полни со живот, но е исклучиво важно како ќе ги нагласите со шминка.

Секако, суштината на шминкањето е да изберете производи кои ќе ги нагласат, а не кои ќе ја намалат нивната природна убавина.

Најчестата грешка според експертите за шминкање, е купувањето на сенки во кафеава боја. Сите сакаат неутрални бои, но жените со темни очи мораат да бидат внимателни и да не бираат бои кои не им одговараат.

Избегнувајте мат, браон сенки кои се поклопуваат со бојата на вашите очи. Често, жените со кафеави очи мислат дека на нив кафеава боја изгледа природно, но всушност изгледа монотоно. Ако сакате природен изглед, ставете сенка во бронзена боја со сјај или сивкаста нијанса, ако имате посветол тен. Ако имате потемен тен, тогаш за вас се идеални златната и шампањ бојата.

Не купувајте црн туш за очи само затоа што изгледа одлично на зеленооката Адел. За да го создадете „smokey eye“ ефектот обидете се со темна боја на аглите на очите. Вашите очи ќе блескаат.

Прегледи:
454
Објавено на:
08.11.2018