Најпознатите шминкери на ѕвездите откриваат кои се најголемите грешки кои ги прават повеќето жени кога се шминкаат.
Веројатно секоја жена има веќе добро проверена рутина на нанесување шминка повторувајќи ја секој ден без премногу размислување. Но, таа рутина може да се состои од нешто што ги излудува професионалците во шминкањето.
Ова се некои од рутините на жените во шминкањето кои не треба да се практикуваат.
Премногу шминка
Секој шминкер ќе ве поддрши да експериментирате различни трендови, но сепак постои нешто што се нарекува премногу шминка. Слепото пратење на Инстаграм трендовите и прекумерната количина на шминка на лицето не изгледаат добро, а уште помалку природно. Затоа, при шминкањето најважно е да се задржи умереноста.
Премногу потенцирани веѓи
Моливчето за веѓи е апсолутен хит во последниве неколку години, но не знаат баш сите правилно да го употребуваат овој мал но многу влијателен детал во шминката. Веѓите се збир од мали влакненца и затоа најдобар начин да ги исцртате или исполните е користејќи посветла нијанса на моливче од бојата на вашите веѓи и со нежни движења да се исцртува во правецот кон кој растат веѓите. Уште една работа околу која грешат многу девојки е обидувањето да се постигне еднаква боја на целата веѓа, што не е правилно бидејќи веѓите природно се посветли на некои делови.
Премногу пудра
Многу девојки користат пудра која е претешка за нивната кожа. Подобра варијанта е користењето на лесна, хранлива пудра, а за прикривање на проблематичните делови употребувајте коректор. За оние кои имаат мсна кожа, решението не е прикривање на масонотијата под неколку слоеви пудра, туку користење на марамчиња за отстранување на вишокот сјај.
Неред на очите
Девојките неретко нанесуваат премногу маскара што е лошо само по себе, бидејќи честопати не го чистат подрачјето околу очите, поради што имаат дамки под очите, околу очите и по веѓите. Затоа, најпаметно е да причекате да се исуши маскарата, а потоа набрзина избришете го вишкот околу очите. Тоа е процес кој трае неколку секунди, а мже да ви донесе голема разлика.
Носење досадна боја на кармин
Многу жени играат на сигурно, користејќи „nude“ кармини или оние кои се потполно слични на нивната кожа. Со играњето на сигурно се постигнува ефект на сивило, а тоа никој не го сака. Бидете храбри и поиграјте се со бојата на вашите усни, бидејќи тоа ја освежува целата шминка и создава навистина голема разлика.