Категории

Овие хороскопски знаци ги очекува враќање на старата љубов до крајот на септември

Доколку им веруваме на хороскопот и ѕвездите, за поединци овој месец на љубовниот план ќе биде и тоа како бурен – ги чекаат тешки одлуки и пресврти. Никогаш не е лесно да се донесе одлука дали засекогаш да ги исфрлите старите љубови, но сега ќе морате да пресечете.

ЛАВ

На нивната врата ќе затропаат неколку добри можности… Повеќе шарм, повеќе харизма, повеќе љубов! Просто ќе бидете магнет за мажите, драги дами! Затоа ниту поранешните партнери нема да останат имуни на вас! Меѓутоа, два пати размислете пред да му дадете втора шанса – ѕвездите советуваат добро да анализирате. Можеби е најдобро да се впуштите во нешто непознато и неиспробано!

ВАГА

Ако сте слободни и не сте во долга и стабилна врска речиси сигурно можете да очекувате враќање на една стара и речиси заборавена љубов во вашиот живот. Со оглед дека ви недостасува љубов, можно е дека повторно ќе се обидете, дури и ако не сте екстремно „загреани“ за таа личност. На крајот на септември имате добри аспекти на емотивното поле, па е сигурно дека вашата одлука ќе биде добра!

СТРЕЛЕЦ

Веруваме дека зад вас се неколку стресни месеци на полето на љубовта, но конечно дојде време за подобри денови.  Крајот на септември ќе донесе извинување од личност која некогаш одамна ве повредила во љубовта. Со извинување најчесто се бара и втора шанса, но не му простувајте доколку жестоко не се потруди. Стара љубов има шанси повторно да пламне, но само доколку двете страни се подготвени на компромиси.  Септември е одличен месец за вашиот знак и судена ви е голема љубов – дали стара или нова вие ќе ја донесете таа одлука.

Прегледи:
536
Објавено на:
19.09.2021