Категории

Овие хороскопски двојки немаат среќа

Лав и Девица

Лавот сака да е меѓу луѓето и да биде центар на вниманието. Девицата претпочита да стои настрана и да набљудува и тоа само во друштво на најблиските. Лавот е енергичен, агресивен и дејствува со замав. Девицата ретко избувнува, таа ги прави работите чекор по чекор. Но сето ова не е кој знае каков проблем во споредба со она што Лавот сака да чувстува поддршка од партнерот, особено во нови потфати. А девицата сака да критикува. И да осудува на неуспех речиси уште не почната работа. Нешто што лавовската природа никогаш нема да прифати. Затоа врската помеѓу овие знаци е пеколно тешка.

Близнаци и Јарец

Оваа унија во почетокот секогаш е многу интересна и возбудлива. Јарецот е восхитен од животниот, креативен и збавен Близнак, а близнакот се чувствува исклучително посебен заради безбедноста и поддршката што неговиот Јарец му ја нуди – на материјален и на емоционален план. Но со текот на времето разликите стануваат како трње во очите и на двајцата. Јарецот започнува малку по малку да се згрозува од непостојаната природа на својот партнер. На близнакот од друга страна му е здосадено до смрт од конзервативниот начин на живот и сваќањата на Јарецот. А близнакот не трпи здодевност!

Шкорпија и Стрелец

Шкорпијата е комплексна личност, тешка за разоткривање и недостапна. За него животот е борба и тој ги гони своите цели, правејќи ја прав и пепел секоја пречка, без да размислува за последиците. Стрелецот пак е многу отворена и искрена личност, за која животот е една игра. Во еден момент Стрелецот започнува да се згрозува од активностите на Шкорпијата. Но многу пред тоа да се случи, Шкорпијата ќе почне да гледа на Стрелецот како на надразнување број еден во животот. Постојаните тензии и недоразбирања може да ги натераат двата знака на само да се разделат, но и да се замразат.

1 2

Прегледи:
1007
Објавено на:
31.03.2016