Категории

Oвие игри со бакнување ќе ве вратат во детството и ќе ви ја разгорат врската

Бакнежот е многу важен дел од секоја врска. Преку него се поврзувате со партнерот, а колку подолго сте во врска, бакнежот станува се помалку значаен и присутен. 

Затоа, за да ја разгорите врската потребни ви се игри за бакнување. Се сеќавате ли на игрите за бакнување кои ги игравте со вашите пријатели кога бевте мали? Доколку сте ги заборавиле, време е да се потсетите на нив. Овие романтични игри ќе ви помогнат да заборавите на напорниот ден и ќе ви дадат можност да „нурнете“ во романтичниот свет на бакнежите.

Маратонско бакнување

Во оваа игра треба да се бакнувате колку што можете подолго. Првиот кој ќе се тргне за да земе воздух, губи. Победникот има право да одбере казна, но казната мора да биде нешто секси.

Љубовно шише

Ова е најпознатата игра со бакнување, која сите ја играле во одреден период од животот. Доколку немате дечко или девојка, дефинитивно треба да ја предложите оваа игра на следната забава што ќе ја организирате со пријателите.

Очи ширум отворени

Во оваа игра со бакнување, предизвикот е да се бакнувате со партнерот со отворени очи што е можно подолго. Како што бакнежот ќе станува пострастен така ќе ви се зголемува желбата да му се препуштите на моментот. Но, не дозволувајте да се препуштите така лесно. Во оваа игра победникот има право да побара што сака од губитникот.

Бакнување на семафор

Секогаш кога ќе застанете со автомобилот на црвено светло на семафот, бакнувајте се страсно со вашиот партнер се додека не се смени светлото на семафорот. Има ли нешто послатко од концентрација и многу страст?

„Шмукни“ и дувни

Се сеќавате на играта со картичка која треба да се пренесе од уста на уста? Картичката се пренесува со шмукање со устата, а доколку картичката падне, следуваат многу бакнежи. Оваа игра е полна со флерт, за која немора да сте сингл за да ја играте. Може да ја играте и со вашиот партнер.