На самиот праг на пролетта ни дојдоја нови трендови а меѓу нив е и оној кој накратко изгуби популарност но сега повторно се враќа назад со уште поголема популарност, а тоа се маици со капи. Веќе подолго време на овој тип на маици се гледа како на исклучително спортска опрема, облека за одмор или деца, но денес овој модел на маица е апсолутен must have во сечија гардероба кое може да се носи во секаква модна ситуација. Трендсетерките толку се вљубија во ова парче што пронајдоа различни начини како да носат и во дневна варијанта со патики и хеланки, па дури и во малку по-шик варијанта со високи потпетици.
Погледнете ја галеријата со стајлинзи кои ќе ви докажат зошто овој тип на маица ќе го обожаваме оваа сезона.