Категории

Овие навики треба да ги заборавите

Често по навика комбинираат одредени намирници за кои повеќето од нас мислиме дека се одлична комбинација. Еве кои три вообичаени комбинации на намирници се всушност прилично лоши.

Чај со млеко

Без оглед на тоа дали пиете црн или зелен чај, и двата се многу богати со антиоксиданси кои поволно влијаат на намалување на воспаленијата со низок интензитет.

Притоа, зелениот чај е малку поздрав, затоа што има помалку кофеин, а повеќе корисни состојки. Но ако во чајот додадете млеко, без оглед дали станува збор за кравјо или за растително (од соја, ориз и слично), протеините од млекото се врзуваат токму за антиоксидансите и го спречуваат нивното апсорбирање. А што се однесува до млекото, во таа комбинација една од главните добри состојки на тој напиток, калциумот, не може да се искористи, бидејќи кофеинот ја попречува апсорпцијата на калциум.

Значи, ако сакате да додадете нешто добро во својот чај, наместо млеко, исцедете малку лимон.

Леб и мармалад

Особено е лоша комбинацијата на бел леб и мармалад, затоа што простите јагленохидрати, кои ги содржи мармаладот, нагло го креваат шеќерот во крвта, а белиот леб исто така има висок гликемиски индекс. Но, не е добра ниту комбинацијата на интегрален леб и мармалад, затоа што истражувањата покажале дека интегралниот леб прилично го крева шеќерот.

Наглите скокови на шеќер во крвта го исцрпуват панкреасот, а исто така доведуваат до енергетска клацкалка, затоа што следуваат нагли падови. Наместо мармалад, намачкајте на лебот путер, кој според повеќе нови истражувања, е сепак здрав, а освен тоа, значително ќе го забави темпото со кое шеќерот од лебот доспева во крвта.

Салата со диетални преливи

Салата прелиена со оцет, лимон и слично, но без масло. Ако од диетални причини избегнувате да додавате масло во салатата или користите готови, т.н.диетални преливи, би требало да знаете дека со тоа ја попречувате апсорпцијата на многу важни нутриенти. Истражувањето објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition покажало, на пример, дека исклучително здравите каротиониди, на пример, од морковите, многу подобро се апсорбираат ако добро ја замастите салатата, а така е и со другите здрави состојки на кои за да бидат апсорбирани им треба одредена количина маст.

Според тоа, слободно прелијте ја салатата со една – две лажици маслиново масло, масло од тиква или некое слично здраво масло, наместо со диетални преливи.

Прегледи:
457
Објавено на:
09.10.2018