Категории

Овие особини ве прават помалку привлечни според научните истражувања

Убавината е во очите на набљудувачот. Вашата атрактивност не зависи од тоа како изгледате, туку зависи од начинот на кој ќе се претставите. Овие постапки и особини ве прават помалку привлечни според истражувањата:

Говорот на телото

Прекрстени раце, собрани раменици и слични знаци на несигурност, можат да бидат многу непривлечни кога станува збор за говорот на телото. Многу попривлечни се луѓето со исправено држење на телото бидејќи зрачат со самодоверба.

Мирисот на телото

Миризбата на човекот го одредува нивото на генетска компатибилност и привлечност. Едно истражување покажало дека лишностите чиј мирис на телото е премногу сличен или премногу различен, не се привлекуваат.

Смисла за хумор

Најлесниот пат до нечие срце е преку добриот хумор. Недостатокот од добра смисла за хумор делува непривлечно.

Злобен поглед

Луѓето со злобен поглед секогаш се помалку привлечни, без разлика колку се убави и згодни.

Мрзеливост

Мрзеливоста никого не довела никае во животот, таа што без разлика на вашиот физички изглед, доколку сте мрзелива личност не делувате привлечно на околината.

Прегледи:
370
Објавено на:
22.03.2018