Категории

Овие потпетици ќе ја одбележат пролетта

Кажете им збогум на црвените потпетици. Оваа пролет, во игра се силните нијанси, зелената, портокаловата со најразлични принтови.


Шпицот ќе изгледа елегантно доколку врвот на чевлата е складен со висината на потпетицата бидејќи на тој начин ќе изгледа рамномерно.


Со овој модел на чевли можете да комбинирате различни стилови: се носи со фармерки, но и со мали црни фустани. Но, салонката не мора да биде исклучиво црна за да се постигне гламурозен изглед, слободно може да импровизирате со боите и шарите.


Кога избирате, треба да се потсетите на таканаречената „здрава“ висина на потпетици, па затоа изберете висина од три до четири центиметри.

Овој модел го носеле дамите од минатиот век, а неодамна Прада и останатите модни брендови го претставија во ново светло – додале линии како би ја нагласиле новата нота.

На овој модел е многу важно да ја изберете соодветната големина бидејќи вашите прсти треба да имаат простор. Ако носите шпиц чевли, стеснувањето треба да дојде по прстите, за да не предизвика притисок и болка во прстите.

Прегледи:
358
Објавено на:
19.02.2018