Категории

Овие работи ќе ви помагнат полесно да се ослободите од стресот: Mожете да ги правите дома секој ден

Стресот може да биде предизвикувач на многу заболувања – еве неколку техники кои можат да ви помогнат да го надминете и да го победите!

Поради нашиот брз животен стил и многу обврски, скоро постојано сме изложени на стрес.

 

Според истражувањето на британскиот институт за ментално здравје, дури 74 проценти од луѓето не можат да го надминат стресот, додека ланската студија открила дека 20 проценти од Американците имаат несоница и луѓето денес спијат во просек помалку од седум часа (околу два часа помалку од 1910 година) .

 

Ваквата состојба е предизвикувач на многу болести, може да предизвика висок крвен притисок, дијабетес, срцеви заболувања … Експертите веруваат дека справувањето со проблемот е важен чекор за надминување на истиот, но е многу важен и начинот на кој ќе ја вратите контролата над умот и на телото.

 

За релаксација помагаат специјалните техники за смирување на дишењето, добра масажа, бања и редовна физичка активност што го ослободува телото од стрес.

 

Исклучете се од надворешниот свет со читање книга или спиење најмалку половина час попладне. Добро решение е и да одите на кино.

 

Темната кино соба, исклучениот мобилен телефон, пуканки во скут и интересна приказна на филмското платно се одличен начин за опуштање.

Прегледи:
563
Објавено на:
04.09.2019