Хороскопот покрива разни аспекти од нашиот живот, но може ли да открие колку долго ќе живееме? Според истражувањата и статистиките, овие 3 знаци имаат најдолг животен век.
Рак
Се верува дека многу Ракови доживуваат длабока старост бидејќи сакаат да водат здрав живот, а за тоа ги мотивира мислата да поживеат што подолго за да останат повеќе до своите најмили и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се семејни и грижливи луѓе.
Девица
Девиците се долговечни благодарение на уредниот начин на живот и големата грижа за своето здравје. Многу Девици не можат да си го замислат животот без правилна исхрана и вежбање. Исто така, Девиците се прилично смирени.
Овен
Од сите знаци во хороскопот Овенот има најголема страст за живот. Притоа, станува збор и за физички и психички силен знак, а неговата импулсивност го спречува насобирањето на негативна енергија. Хедониста е и вечен оптимист. Ужива во сѐ што прави.