Категории

Овие трикови ги препорачуваат дерматолозите за здрава и сјајна кожа

Нанесете кокосово масло пред туширањето и заменете го лосионот со креми за тело, бидејќи се побогати, откриваат дерматолозите како да се спречи сушењето на кожата преку зима.

Одржувајте влажен воздух во затворените простории

За време на зимата кога во просториите е вклучено греењето и кожата побргу се суши потребно е да користите освежувач за воздух или да испиете една до две чаши вода на дневна база. Кожата ја задржува водата во телото, а кога е суво и ладно време, водата побрзо и полесно испарува од површината на кожата, што ја прави сува и затегната.

Користете благи производи

За да ја одржите влажноста на кожата, во текот на зимата потребно е да користите благи производи за миење особено на лицето. Доколку на вашето лице се појават лишаи поради сувата кожа, потребно е да нанесете на него производи како што се церамид или глицерин кои помагаат во заштитата на влажноста на кожата.

Избегнувајте туширање со премногу топла вода

Во текот на зимските месеци туширањето или лежењето во топла вода може да резултира со ситни пукотини на површината на кожата. Жешката вода брзо испарува и доколку не се намачкате веднаш со хидратантна крема, ситните испукотини пропуштаат воздух до нервните завршетоци и поради тоа се појавува непријатно чувство.

Користете масла и креми за хидратација на кожата

Нанесувањето густа крема на кожата веднаш по туширањето ја задржува влажноста во телото, а дополнително помага користењето на кокосово масло, доколку го нанесете пред туширање. Освен кокосовото масло, кое е многу корисно за телото, етеричните масла се новост во хидратацијата на кожата. Аргановото масло или маслото од роза е особено корисно за лицето и се погодни за лице склоно кон акни.

Не излегувајте на студено време со влажна кожа

Честопати луѓето веднаш по туширањето одлучуваат да го напуштат домот. Кога студот ќе ја допре влажната кожа, се зголемува можноста за пукање исто како и усните.