Компанијата “Start or sit” започна многу добро – по добро познатиот принцип “сексот продава се”, за својата прва реклама тие ангажираа неколку многу секси убавици и ги облекоа во танги.
Станува збор за компанија која се занимава со изработка на апликација за фантази спортови, а во рекламата меѓу останатите секси убавици, американски фудбал играат и славните модели како Ана Шери, Сара Андервуд и Џесика Килингс.
Колку е секси рекламата зборува и податокот дека YouTube не дозволува деца да ја гледаат, па можеби ќе ве праша прво да ја потврдите својата возраст пред да ви ги открие “задниците кои продаваат се”.