Категории

Овие знаци укажуваат дека сте интелигентна личност!

Постои стереотип според кој луѓето со висок коефициент на интелигенција се супер луѓе кои можат да се носат одлично со секоја ситуација. Но, на крајот од денот сите ние сме луѓе и имаме исти проблеми, независно од степенот на интелигенција.

Еве кои се најчестите проблеми на луѓето со висок коефициент на интелигенција:

1. Мразат евтини приказни

За вас е вистински предизвик кога сте приморани да учествувате во празни разговори за обичните, секојдневни работи. Овие разговори ви прават да се чувствувате дека се вртите во круг со социјално прифатливи фрази кои ве гушат. Сѐ што би сакале е да разговарате со некој сличен на вас, на теми кои се за вас важни и да разменувате идеи.

2. Повеќе размислувате отколку што зборувате 

Вашиот мозок ги бара сите можни одговори или решенија за проблемите и затоа вам ви е потребно повеќе време отколку на просечно интелигентните луѓе за да го изнесете своето мислење или да донесете заклучок. Во суштина, ако не сте сигурни во своето мислење, ќе изберете да премолчите. Вашиот проблем лежи во тоа што луѓето околу вас не го разбираат начинот на кој функционира вашиот мозок и затоа ве доживуваат како интровертна личност која е незаинтересирана, ладна и слично.

3. Многу бргу ви здосадува секое работно место

Вашиот мозок има потреба за постојани предизвици за нови, подобри идеи и проекти. Кога еднаш ќе научите да работите одредена работа и ќе видите дека нема што ново да научите на тоа работно место, работата веднаш ви станува здодевна, па дури и неподнослива.

4. Понекогаш се блокирате

Тешко е да се поминува многу време во размислување кога живееме во свет кој е ориентиран кон зграпчување и трчање кон целта. Додека сте полни со идеи, понекогаш ви недостасува импулс за акција. За жал, луѓето тоа честопати го мешаат со мрзоволност, што пправи да се чувствувате потценето.

6. Тешко се вљубувате

Дефинитивно не сте од оние кои можат да пронајдат љубов на секој чекор. Вашите очекувања во љубовта се многу поголеми од оние кои ги имаат обичните луѓе. Вие сте многу внимателни, аналитички настроени и независни, па поради овие особини можеби изгледа дека сте ладни. Згора на тоа, луѓето со висок коефициент на интелигенцја не се многу спонтани, што може да предизвика кај луѓето да го изгубат интересот кон вас.