Овој хорскопски знак смета дека љубовта е најголемата сила во универзумот и дека таа е највердното нешто што треба да се чува. Често е на мета на критки поради променливото расположение.
Зборуваме за Ракот! Слатките зборови и добро обмислените изненадувања ќе го издигнат до ѕвездите, но непромислените коментари и непотребното игнорирање ќе го фрлат во бездна што ќе го изолираат во самотија.
Многу Ракови се држат на ратојание од нивните партнери додека не ја истражат темелно неговата територија и додека не се уверат дека се работи за вистинската личност, бидејќи тие не знаат да сакаат половично. Иако ја обожаваат спонтаноста, Раковите бегаат од краткотрајните авантури бидејќи себеси се чуваат како подарок за некоја посебна личност која навистина ќе им значи.
Но кога еднаш ќе влезете во нивното срце, засекогаш ќе останете таму. Тие ќе ви дадат сѐ што имаат, а за возврат им е потребно многу малку за да бидат среќни. Доволно е да се чувствуваат сигурно и ценето покрај луѓето кои ги сакаат.
Ракот обожава чуствивтелне партнер. Важно е да знаете дека многумина го имаат повредено, но тој нема да бара од вас да ги излечите неговите рани. Само треба да ја стекнете неговата доверба и потоа целосно ќе ви се препушти. Неговото минато е исткаено со недостојни љубовници само затоа што никој не бил свесен за неговата извонредност.
Тој највеќе во животот го чува своето срце. Се бори за љубовта, дури и кога сите други се откажале бидејќи тој секогаш го гледа оној блед сончев зрак што му вели дека постои светлина во мракот. Цврсто се убедени дека постои вечна љубов и дека двајца заљубени можат да останат заедно засекогаш.
Нивната љубов е чиста, вистинска и посебна. За жал, на многумина не им се верува дека постои таква љубов, па кога ќе ја добијат, ја отфрлаат бидејќи не знаат што да прават со неа, или, ја земаат здраво за готово.