Категории

Оживување на стариот тренд: Фустан преку панталони

Секоја сезона се враќаат во живот некои заборавени трендови, а оваа сезона сме сведоци на оживувањето на еден од најпопуларните трендови од 90-тите а прашање на време беше кога фустанот преку панталони ќе ја доживее својата нова ера. Всушност и тоа е суштината на модата – уметничката игра на комбинирање на трендовите кои изминале со тие сегашните.
Овој тренд го забележавме на улиците во текот на модниот месец што докажува дека е тренд кој нема така лесно да избледи, па љубителките на лежерното и модерното можат да се радуваат на овој comеback, комбинирајќи женствен опуштен фустан со бели патики додека елеганцијата се постигнува со бирање фини материјали со штикли.
Модата е игра која ви овозможува секој тренд да го прилагодите на својот стил додавајќи ги омилените аксесоари или парчиња облека правејќи го целокупниот изглед уникатен и авангарден.
Погледнете ја галеријата и како овој тренд смело чекори по улиците на светските модни метрополи а не воопшто чудно ако наскоро дојде и кај нас.

Прегледи:
612
Објавено на:
26.10.2016