Деловниот изглед моментално е огромен хит и воопшто не е тешко да се постигне. Овие дена на улиците на Њујорк, фоторепортерите забележаа две познати манекенки – Џиџи Хадид и Елса Хоск облечени во дневни варијанти кои го привлекоа нашето внимание..
Она што ја нагласува комбинацијата се токму овие широки пантолони со висок струк во „бизнис“ силуета кои деловните жени кои имаат стриктен дрес код на своето работно место со сигурност ќе ги обожаваат..
Тие сигурно нема да ги комбинираат со кроп топ како во случајот на Џиџи Хадид. но оние девојки кои би сакале да ги искомбинираат овие пантолони за дневна варијанта на прошетка или кафе тогаш таа комбинација е одлична идеа. На работно место овие пантолони прилегаат со високи потпетици но кој би рекол дека не може да се комбинираат и со патики како во случајот на манекенките.