Во чест на Илинден, Тајзи го промовираше новото видео за песната „Парадокс“.
Спотот е дело на режисерот Даниел Јовевски, а сниман е на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје. Во видеото, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а стајлингот е на Златко Јовановски.
Музиката за „Парадокс“ е на Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов, аранжманот на Л. Цветковски и Сајов, а текстот кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме го напиша Драган Величковски Тајзи.