Категории

„Парчето дрво кое ми го спаси животот“ – Поучна приказна која ќе ви го допре срцето

Некој човек во својата трпезарија имал обесено некој чуден предмет. Кога луѓето го прашувале какво е тоа парче дрво, тој му ја раскажувал следната случка.

Некој човек во својата трпезарија имал обесено некој чуден предмет.
Кога луѓето го прашувале какво е тоа парче дрво, тој му ја раскажувал следната случка.

„Дедо ми еднаш ме однесе во паркот. Беше студено зимско попладне. Дедо ми имаше слабо срце. Чекореше зад мене и дишеше многу тешко. Кога стигнавме до замрзнатото езерце, му реков: „Гледај, замрзнато е. Можам малку да се лизгам.“
Дедо ми беше загрижен, а јас бев вчудоневиден и едвај чекав да ја започнам мојата нова авантура, потоа тој ми довикна: „Внимавај, не оди далеку!“
Премногу доцна. Мразот пукна и јас паднав вриштејќи во водата. Дедо ми за миг се скамени, а потоа дофати парче сува гранка и ја испружи накај мене. Се фатив цврсто а тој со сета сила ме извлече надвор.
Се тресев од студ и плачев. Кога се вративме дома веднаш ме искапија и ме ставија во топла постела. Но за дедо ми тоа беше премногу голем напор. Таа ноќ доби силен срцев удар и умре. Сите бевме скршени од тага. Утредента отрчав кон езерото. Го побарав парчето дрво со кое дедо ми ми го спаси животот и со тоа го оконча својот. Се додека сум жив, тоа парче дрво ќе виси на ѕидот како знак на неговата љубов спрема мене. Затоа христијаните во своите домови чуваат парче дрво во облик на крст.“

Прегледи:
480
Објавено на:
21.04.2020