Категории

Париската модна недела отворена со елегантната колекција на Jacquemus

На ред е четвртата модна престолнина – Париз која беше официјално отворена со претставувањето на пролетната колекција на модната куќа Jacquemus.

Ревијата се одржа во Пикасовиот музеј а дизајнеркот оваа колекција на посвети на својата мајка Valerie. Jacquemus е познат како култен дизајнер во Франција чии креации се елегантни но необични, со широк волумен во кроевите, но со задржана класика и минимализам.

Во оваа колекција особено доминираа земјените тонови и монохроматските изгледи што даваше ултра деликатен и секси изглед на целокупните стајлинзи.

“Сите ме познаваат по комплоцираноста на моите креации, но истовремено сакав лежерност и едноставност во оваа сезона. Обетките и накитот се направени од мебелот на мојата мајка, посакав тие да бидат различни, необични и уникатно”, изјави дизајнерот.

Прегледи:
571
Објавено на:
26.09.2017