Во зависност од текстурата на вашата коса, можете да откриете каков патец би изгледал подобро кога ќе ја стилизирате
Патец на средина
Патецот на средина е сигурен избор и секогаш изгледа убаво. Секогаш му дава добар изглед на косата и добра форма. Тој е најдобар избор при минималистичките фризури како и „залижаната“ фризура. Патецот на средина прави да имате поденко и овално лице, ги истакнува јаболкниците и вилицата. Одлично изгледа на права и брановидна коса, со степенеста и рамна фризура.
Патец на страна
Патецот на едната страна е одличен затоа што му дава дополнителен волумен на косата. Ако имате тенка коса, носете го патецот на едната страна за да добиете на бујност.
Тој прилега на секој облик на лице, а изгледа особено убаво кога се во прашање елегантни фризури како брановидна ретро фризура, и ниска пунџа.