Категории

Пациент им се заблагодарил на медицинските работници свирејќи им на виолина

(ВИДЕО) После месец дена поминати на респиратор, Грувер Вилхемсен имал желба да го засвири својот омилен инструмент.

Пензионираниот учител по виолина, Грувер Вилхелмсен кој бил на болничко лечење во Јута поради коронавирус, изрази благодарение до здравствените работници свирејќи го својот омилен инструмент.

Иако бил интубиран и не можел да зборува, седумдесетгодишниот пациент побарал хартија и пенкало за да ја напише својата желба. Желбата била сопругата да му ја донесе неговата виолина.

Преку одредена процедура и одобрение од лекарот, неговата желба била испочитувана и во одделението започнал да се шири звук од црквени песни и „Тенеси валцер“. Тоа бил особено емотивен момент за персонален на болницата која веќе со месеци се бори со пандемијата.

Здравствените работници се собрале пред стаклената преграда наспроти собата на Вилхелмсон со цел да можат да го гледаат и слушаат. За нив тоа било особено емотивен момент поради тоа што немале многу прилики за радост и уживање.

„Тоа беше како светла точка во темнината на ковид“ – велат вработените во оваа болница.

Сопругата на Вилхелмсон, Диана изјавила дека се заразиле во почетокот на октомври и дека таа успеала да се избори со болеста дома, додека вирусот ја зафатил плуќата на нејзиниот сопруг. Поради тоа тој месец дена поминал на респиратор. Диана се надева дека ќе бидат заедно дома за Божиќ.

Прегледи:
560
Објавено на:
06.12.2020