Категории

Патуваме низ Македонија: Велосипедска тура низ Шара со искачување и на врв Плат (2399мнв)

Долго планираната велосипедска тура низ Шара конечено се реализира. Извртена Лешница од сите страни, со искачување и на врв Плат (2399мнв).

,,По којзнае колку планирања, откажувања, неможноста да се вклопат сите коцки, конечно денот за вртење педали на Шара се оствари. Иако планот беше тоа да биде дводневна тура, сепак со оглед на намалувањето на денот и значително намалувањето на температурите во ноќта (тоа убаво го осетивме на крајот на турата), се решивме турата да биде еднодневна. И не згрешивме. По кратко договарање, се собравме 14-на, од Велес, Кавадарци и Скопје.

Тргнување од паркинг просторот од Попова Шапка. сите на број, нема неоправдани отсутни, освен оние кои се колебаа и кои очигледно згрешија. Ја одбравме полесната варијанта – преку викенд куќите се упативме кон антените, со висинска разлика од 1700мнв-2015мнв. Од таму по релативно рамен пат се оди се до бачило од каде се поделија две групи. Првата продолжи кон Долна Лешница, каде е планирано неколку часовно одмарање, посета на Кривошијски кади и водопади и одмор во кампот во долна Лешница. Втората група, очигледно која сакаше повеќе мака, напор и искачување на врвови над 2000мнв, реши да тргне кон врв Плат 2399мнв, а од таму да се упатат кон горна Лешница и секако до долна Лешница.

Оние кои јао 0дбраа полесната варијанта очигледно уживаа во природните убавини на Шара во овој дел, а пак оние кои беа во втората група (меѓу кои е и пишувачот на текстот) уживаа неколкукратно повеќе од оние првите, само што од другарски причини не го потенцираа тоа….. Едноставно, искачувањето на првиот рид пред Плат (2399мнв), возењето по тесни патчиња ( повеќе буткање отколку возење) и  бруталното искачување до врв Плат, буквално по вертикална линија, уживањето на врвот, спуштањето ( таму и возевме, иако беше ризично), па после возењето кон Горна Лешница, па единственото буткање по удолница, се е тоа дел од моментите кои веројатно екипата ке ги памти до крај на животот. Приказната за бањањето во Кривошијска река на висина од над 1900мнв во безобразно убава, бистра и ладна вода е нешто што не може да се стави во 3-4 реченици, едноставно може само да се доживее…

Додека „казнената експеадиција“ се пушташе по камењата и екстремно стрмниот терен, „групата за уживање“ која веќе ги ладеше нозете во Кривошијските водопади, си се вратија назад кон Попова Шапка, исто онака како што дојдоа – со уживање и впивање на сета оваа планинска убавина. Секако, кога веке почнавме да се делиме, и во оваа група останаа двајца кои сакаа да си го поедностават возењето, решија да возат до с.Бозовце и таму да ги чекаат автомобилите. Дали си олеснија, или си направија уште една авантура – тие си знаат…..

И пак за „казнената експадиција“… Спуштањето до долна Лешница бидна конечно во 14:30, па потоа одеше барањето на водопадите, па брцнување на нозете во Кривошијските кади ( нема теорија да останеш повеќе од 10 секунди) па одмор во кампот, па повторно искачување од 1450мнв до 2015мнв до антените и конечно, пристигнување на паркингот некаде во 18:30 часот каде буквално измрзнавме….

За крај, единствено нешто што не успеавме е да се собреме на по едно кафе ( читај кафе=пиво) некаде во некој локал, но очигледно во Тетово немаше од оние убавите кафиња, па моравме секој посебно во своите градови да го направи тоа.

Ќе запишеме во нашето CV уште една добра организација, уште едно одличен избор за прекрасна патека за возење, и секако уште едно одлично дружење. Честитки за сите кои по прв пат го искусија овој тип на возење.

До наредни планирања за истражување на оваа наша убава Македонија, ќе ги имаме сликите и убавите моменти во нашите мемории…” – велат од Велес Бајкинг.

Погледнете дел од галеријата.

  

Извор: http://velesbiking.mk/