На Фејсбук страницата „Unusual fyrogames“ осамна фотографија од постар маж, кој веројатно не можејќи да се справи со недостигот на слободни места во автобусот, одлучил проблемот да го реши на свој начин.
Човекот, чиј идентитет не е познат, си поставил стол од дома и си седнал покрај вратата за излез од автобусот.
Погледнете ја фотографијата која стана хит и со неверојатна брзина се споделува на социјалните мрежи.