Песок, море и плажа… зарем има подобар рецепт за насмевка на лицето?!
Токму на ваков начин деновиве уживаше Тамара Тодевска со семејството. Се разбира, најсреќен член на дружината беше малата Хана.
Таа комплетно се посвети на игри во песокот.
Сепак Тамара мораше да ја заштити својата миленичка од долгиот престој на сонце, па во еден миг ја облече во шпилхозни со интересен напис: „Не расти, тоа е стапица!“, како и со нејзините очила за сонце.
Ова е дефинитивно најшик фотографијата од престојот на море на Тамара.
Извор : Вистина.мк