Категории

Пет причини зошто треба да пиете какао оваа есен

Секој од нас се сеќава на омилениот пијалак од детството, шолја млеко помешано со какао. Но, доколку ги знаеме здравствените придобивки на какаото повторно ќе го ставиме на нашето мени. Ова се позитивните страни, но и состојките кои ги содржи какаото.

Го подобрува расположението

Какаото и чоколадата се корисни за активно физичко и ментално функционирање, па затоа многумина ги нарекуваат и антидепресиви. Консумирањето на какао во утрата ќе ви даде енергија за почеток на денот, а во вечерните часови тоа може да послужи како напиток за ублажување на стресот и уморот.

Ја подобрува меморијата

Флавоноидите кои ги содржи какаото можат да го намалат ризикот од деменција и да влијаат директно на структурата и функцијата на мозокот. Овие соединенија ги штитат мозочните неврони од оштетување и го подобруваат метаболизмот и помнењето.

Ги зајакнува крвните садови

Какаото помага во стабилизирање или намалување на крвниот притисок, ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Лекарите советуваат да не пиете повеќе од две шолји какао дневно, бидејќи овој вкусен пијалок содржи шеќер и заситени маснотии.

Помага при регенерирање на мускулите

Научниците докажале дека по употреба на какао мускулите на спортистите побрзо се регенерираат. Напитокот содржи протеини кои се потребни за регенерација на мускулите и јаглехидрати кои ги заменуваат резервите на енергија на мускулното ткиво. Истовремено, млекото го надоместува снабдувањето со вода и разни јони на калиум, калциум и магнезиум.

Одличен сојзуник во борбата со дебелината

Американските истражувачи откриле интересен податок: и покрај фактот што какаото има повеќе калории отколку чајот или кафето, тоа не дебелee. Факт е дека дури и малa количина на какао предизвикува чувство на ситост, така што после една шолја топло какао ќе изедете помал оброк. Какаото го спречува прејадувањето.

Во минатото какаото го сметале за храна на боговите – па нека храната на боговите биде и ваша!

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
673
Објавено на:
21.10.2017