Категории

Пилинг на грб за сјајна и мазна кожа: Подгответе се за летните модни комбинации!

Сјајната и мазна кожа на грбот е летниот адут на секоја жена, особено поради маичките и фустаните со отворен грб кои секоја жена ги обожава. Но, овој изглед може да биде непријатен доколку кожата на грбот е груба, исфрлана со ситни акни со кои жените неретко се борат на овој предел од телото.

Грбот е дел од телото до кој потешко достигнуваме, па поради тоа е и најзапоставен. Со доаѓањето на топлите месеци, токму тоа најмногу го забележуваме. Иако се туширате секојдневно, на грбот се насобира најголемиот дел од нечистотијата и мртви клетки кои најдобро се отстрануваат преку пилинг.

Во текот на пролетта и летото, проблемите со кожата на грбот стануваат уште поголеми поради дополнителното потење и неумереното изложување на сонце. За да не дојде до несакани последици, подгответе ја кожата на грбот навреме и уживајте во пилингот на грб проследен со релаксирачка масажа во Студиото за убавина La Sensa.


Професионалниот тим во La Sensa ќе ви овозможи мазен и нежен грб совршен за сите пролетни и летни комбинации, подготвувајќи ја вашата кожа за сончевите денови. Пред плингот третманот започнува со чистење на грбот со лосион, а потоа се нанесува пилингот од авокадо или ритуал по што следува масирањето, измазнувањето на грбот при што вашата кожа добива неверојатен сјај и мазен изглед. Со памучна ракавица се отстранува пилингот и за крај добивате релаксирачка масажата за опуштање со ароматично масло.

Подгответе се навреме за топлите денови, закажете го вашиот термин во студиото за убавина La Sensa и уживајте во пилингот на кожата на грбот. La Sensa е вашиот најдобар пријател при негата на вашата убавина – искористете ги сите придобивки кои ги нудат и изгледајте прекрасно во секој период од денот!