Категории

ФОТО: Пингвин плива по 8.000 км секоја година за да го посети човекот кој го спаси од сигурна смрт

Прекрасно е чувството кога знаеш дека добрите дела што ги правиш се ценети.

Пингвин не ја заборави добрината на маж од Бразил кој го спаси од сигурна смрт. Благодарната птица секоја година плива по 8.000 км за да го посети Жоао Переира де Соуза, човекот кој му даде втора шанса за живот.

02

Во 2011 година, Соуза го пронашол изгладнетиот пингвин на плажа, прекриен со масло и веднаш решил да му помогне. Тој го одвел во својот дом, го нахранил и дал сè од себе за да му помогне на беспомошното животно да оздрави.

Кога видел дека здравствената состојба на пингвинот ЏинЏинг се подобрила, Соуза го пуштил повторно да плива во морските води, без да очекува дека некогаш повторно ќе го види својот мал пријател.

Но, ЏинЏинг не го заборави својот ангел-чувар и во знак на благодарност веќе петта година се враќа да го посети. Проценето е дека пингвинот минува по 8.000 км само за да стигне до брегот каде живее Соуза.

03

04

05

„Го сакам пингвинот како да е мое сопствено дете и верувам дека пингвинот ме сака мене“ – изјавил Соуза за TV Globo. „На никој друг не му дозволува да го допира. Ги колва ако се обидат да го допрат. Тој лежи во мојот скут, ми дозволува да го капам, да му давам сардини и да го кревам. Поласкан сум што ЏинЏинг има среќа да го дели својот дом со илјадници други пингвини секоја година, а потоа да го пронајде патот дотука и да помине одредено време со мене. Тоа е многу специјална врска“ – додал тој.

06

07

Погледнете го видеото …

https://www.youtube.com/watch?v=fEFCz5Q7c0M

Прегледи:
473
Објавено на:
09.03.2016