Младата скопјанка овојпат го изведе хитот „Врати ми го сонцето“ на Александра Јанева која во 2013 година триумфираше на „Макфест“.
-Гласот ти е како „катедрала“, секоја чест, искоментира Хари Мата Хари, а по него Јелена Томашевиќ додаде дека Антонија имаше маестрален победнички настап.
Со сите пет гласа од жирито и огромни аплаузи од публиката во студиото, Антонија продолжува во шестиот круг на овој музички натпревар.
Еве ја најавата за 24 епизода од најгледаното регионално музичко шоу „Пинкови Ѕвездички“.
https://www.youtube.com/watch?v=RgcJVkWS0_s