Категории

„Пирсинг“ на косата – сте слушнале ли за новиот популарен тренд?

Секогаш кога немате идеи што да направите со вашата фризура, ѕирнете на Pinterest или Instagram каде секојдневно се појавуваат нови необични трендови кои ќе ве натераат да внесете свежина во вашиот изглед и да пробате нешто ново и несекојдневно.
Овој пат бевме импресионирани од новиот тренд кај фризурите кој изглед исто како пирсингот но овој пат се работи за „пирс“ на косата. И колку да звучи лудо, овој тренд навистина изгледа шик и забавно и во исто време доста секојдневно и лежерно.
Сплетете ја едната страна од вашата коса во плетенка која ќе ја украсите со неколку тркалезни шноли во облик на обрачи, овој нов тренд вртоглаво се шири помеѓу трендсетерките поради тоа што е различен од другите и дава ‘edgy’ изглед.
Никогаш не е доцна да пробате нешто ново и да отстапите од вашата комфорт зона, косата е за експериментирање, не плашете се.


Прегледи:
359
Објавено на:
28.02.2017