Навивачите на Наполи уште не можат да се помират со фактот дека Гонзало Игуаин го замени нивниот тим со Јувентус. Многу фанатични фанови ги искористија социјалните мрежи за да го изнесат целиот бес од предавството на Аргентинецот.
Италијанската новинарка, Мина Розуки објави на Твитер дека пицеријата во Наполи „Show Pizza“ направи промоција на денот кога Игуаин ќе ја доживее првата повреда во новиот клуб. На тој ден пицеријата ќе продава „маргарити“ за само едно евро.
На овој начин навивачите би можеле да ја прослават повредата на предавникот, кој минатата сезона беше најдобар фудбалер и стрелец на екипата.