Категории

Пливањето во ова езеро е како скок во глазура од торта!

Езерото Хилиер изгледа како глазура на роденденска торта и е едно од преку стотината мали острови кои заедно го создаваат архипелагот Речерч од јужниот брег на Западна Австралија.

Се наоѓа буквално на неколку чекори од океанот кој секако е со сина боја. Научниците не извеле конечен заклучок зошто бојата на езерото е розева.

Бројните експедиции и научните истражувања почнувајќи од 50-тите години од минатиот век се обидувале да ја откријат причината за овие појави на езерото Хилиер, но немале конечен одговор зошто водата е розова боја.

Се сомневале дека е поради присуството на микроалгата Dunaliella salina која произведува каротеноид, пигмент кој помеѓу останатото се наоѓа и во морковот. Другото објаснување може да биде присуството на халофилните бактерии во солта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tag ☞ #aziz_istanbul🇹🇷 (@aziz.istanbul) on

Поголемиот дел од туристите прашуваат дали смеат да се капат во ова розово езеро, и да, тоа е солено и безбедно за пливачите. Плиткото солено езеро со ширина околу 600 метри е обвиено со тенок слој бела сол, која ја опкружува темно-зелената густа шума со еукалиптус.

Еден од првите докази за постоењето на ова езеро, кое од воздухот изгледа како џиновско лижавче, најден е во записите од 1802. година кои ги оставил зад себе британскиот морепловец Метју Флиндерс.

Дури и доколку наполните вода од него во флаша или чаша, таа останува во розова боја. Езерото од 2012. година претставува заштитена област која е дел од природниот резерват.