Американската музичка ѕвезда, Џастин Тимберлејк по тригодишна пауза неочекувано го објави својот нов сингл, Can’t Stop the Feeling” за кој многумина сметаат дека ќе стане еден од омилените летни хитови.
Овој сингл ќе се најде на саундтракот на филмот „Тролови“. Освен тоа што песната има заразен ритам и интересен видео-запис во кој се појавуваат многубројни ѕвезди, како Гвен Стефани, актерите Ана Кендрик, Раџа од серијата „Бубалици“, водителот Џејмс Корден и други кои ги позајмуваат гласовите на шармантните тролови, кои во кино-салите пристигнуваат кон крајот на годината.
Веселото друштво се наоѓа во студио, каде што сите пејат и танцуваат , а песната е создадена за лесен и откачен танц.
Ова е прв сингл на Џастин од 2013 година, кога го објави албумот„The 20/20 Experience: Part II“, Во меѓувреме пејачот се посвети на своето семејство, на сопругата Џесика Бил и на синот Сајлас.