Категории

По насмевката се познава целиот карактер на човекот

За насмевка, пред се, е потребна искреност, а зарем има искреност кај луѓето?

За насмевка е потребна незлобност, а луѓето најчесто се смеат злобно.
Искрената и незлобна насмевка значи веселост, а зарем има кај луѓето во денешно време веселост и знаат ли луѓето да бидат весели?
Веселоста на човекот е неговата највидлива карактеристика, која најмногу го издава.
Потребно е долго време да го запознаете нечиј карактер, но кога човек барем еднаш ќе се насмевне сосема искрено, ќе ви го покаже целиот негов карактер, одма како да е на дланка.

Само многу возвишениот и среќен човек може да биде весел и да ги зарази другите, т.е. да биде неодоливо и добродушно весел. Не зборувам за неговиот умствен развиток, туку за карактерот, за целиот човек.
На тој начин, ако сакате да продрете до човек и да ја запознаете неговата душа, не го посматрајте додека молчи или зборува, или додека плаче или се возбудува, посматрајте го како се смее.

Ако се смее добро, знајте дека е добар човек.
Јас затоа добро знам дека насмевката е најсигурната проба на душата.
Погледнете го детето, единствено децата знаат да се смеат до совршенство, и поради тоа се најубави.

-Фјодор Достоевски

Прегледи:
643
Објавено на:
21.02.2020