Категории

По повод 17 март- ден на формирањето на Црвениот крст на РМ и ден на крводарителството во РМ ќе се одржи јавен настан во Градскиот Парк

На иницијатива на Клуб 25 – клуб на млади крводарители и мотиватори на Црвен крст на град Скопје, на 17 Март (недела)- Ден на формирање на Црвен крст на Република Mакедонија и ден на крводарителство во РМ, ќе се одржи организација на јавен настан во Градскиот парк- Скопје со почеток во 12:00 часот.

Настанот вклучува поставување на промотивен штанд со материјали поврзани со крводарителство и Историјатот на Црвен крст, како и присуство на волонтерите помеѓу граѓаните, со што ќе шират знаења и информации за крводарувањето и Црвениот крст. На штандот освен промотивните и информативни материјали и информации за крводарителство, а ќе присуствуваат и лица, медицински персонал од Институтот за Трансфузиона медицина на РМ (ИТМ) кои ќе одредуваат крвна група на случајните минувачи кои ќе пријдат до штандот. Спроведен ќе биде и мал прашалник поврзан со крводарителство со симбилични награди/мотивација за оние кои ќе бидат најуспешни.