Категории

Победа на хуманоста на ЕП во ракомет – со асистенција на Mozzart до сега се собрани 245.000 денари

Сите страсни љубители на ракометот уживаат деновиве, а регионалниот лидер во приредување игри на среќа им даде дополнителен мотив да навиваат за головите на нашата репрезентација! За секој гол на тимот под водство на Кирил Лазаров, Моцарт донира 5.000 денари

Навиваме за голови, навиваме за нашите ракометари! Македонската репрезентација на ЕП не ја следи среќата, па го забележа вториот пораз, но и покрај тоа тие се победници во хуманоста на ова натпреварување! Заедно со компанијата Mozzart ја започнаа акцијата “Повеќе од гол”, во која регионалниот лидер во приредување игри на среќа за секој нивен гол издвојува по 5.000 денари.

Нашиот тим под водство на Кирил Лазаров досега има постигнато 49 голови, а за хуманитарни цели собрани се 245.000 денари!

Со оваа традиционална акција, компанијата Mozzart се обидува да го извлече најдоброто од спортистите, но и да помогнеме каде што е најмногу потребно.

Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци на нашата репрезентација, испрати порака за поддршка пред заминувањето за Унгарија:

“Мило ми е што сум вклучен во овој хуманитарен настан на Mozzart. Пред една година имавме успешна донација, а средствата завршија за лекување на малиот Михаил од Тетово. Сакам да им се заблагодарам на Mozzart што ме избраа да учествувам во оваа хуманитарна акција. Јас и моите колеги, како и на секој меч досега за Македонија, така и на Европското првенство, ќе го дадеме максимумот за што подобар резултат и повеќе голови, а со тоа и износот на донацијата ќе биде поголем.” – изјави одличниот лев бек Кузмановски.

Да потсетиме, Македонија без својот најдобар ракометар во историјата Кирил Лазаров, не успеа да се избори ниту со Словенија во првото коло, ниту со Црна Гора во второто коло, а сега речиси и да нема шанси да оди понатаму. Следниот натпревар Македонија го игра на 17 јануари против селекцијата на Данска (20:30).

Прегледи:
493
Објавено на:
16.01.2022