Категории

Победете ја љубомората: 7 совети за да ја зачувате вашата врска

Ако се обидувате да го контролирате партнерот, или двајцата се обидувате да се контролирате, љубомората расте, а љубовта полека се повлекува во втор план сè додека не ја снема целосно. Еве како да го спречите тоа.

Врските кај луѓето често будат несигурност за која не се ни свесни, а тоа може да создаде сериозен проблем. Колку повеќе несигурност избива на површината, толку повеќе влијае на врската и односот станува токсичен. Ако се обидувате да го контролирате партнерот, или двајцата се обидувате да се контролирате, љубомората расте, а љубовта полека се повлекува во втор план сè додека не ја снема целосно.

Здрава врска не е толку тешко да се изгради, сè додека сте подготвени да работите на себе и се стремите да бидете добри со личноста што ја сакате и која ве сака, така што вашата врска ќе биде стабилна и среќна. Има многу работи што можете да ги направите за да ги избегнете погубните последици што ги има љубомората врз односот помеѓу две лица, некои од овие работи не се лесни, но ако го сакате, дадете се од себе. Тоа е најдоброто што можете да го направите за вашата врска.

 

Верувајте му на вашиот партнер и бидете подготвени да разговарате

Кога сте во врска, двајцата мора да бидете „на иста страна“. Треба да си верувате и да бидете подготвени искрено да комуницирате со вашиот партнер. Кога се појавува проблем, треба да да седнете и да разговарате, учтиво и мирно, сè додека не го решите она што ве вознемирува.

 

Стојте си на вашиот збор

Доколку сте и кажале на саканата личност дека ќе сторите нешто, или дека нема да сторите нешто… Стојте си на зборот. Не дозволувајте вашиот партнер да се надева на нешто, а потоа да го изневерите. Неисполнетите ветувања се една од најчестите причини за појава на сомнеж, а сомнежот е зрното од кое се раѓа незадоволството и лесно се распаѓа врската.

 

Размислете за причините за љубомората

Не реагирајте бурно на секоја мала работа, пред да направите драма, размислете како би се чувствувале доколку ситуацијата е обратна.

 

Земете ги во предвид чувствата на партнерот

Бидете подготвени да прифатите и разберете како се чувствува личноста што ја сакате и секогаш бидете подготвени да ја ислушате. И кога сте лути и кога е лута личност што ја сакате исто така. Комуникацијата е најважна. Работите што не ги забележувате може да му наштетат на лицето со која сте во врска и обратно, затоа е толку важно секогаш да разговарате.

 

Дајте си простор

Фактот дека некој од вас има потреба да биде осамен од време на време нема подлабоко значење, ниту е сигнал дека вашата врска е во криза.

 

Секогаш бидете фер

Не играјте валкано. И никогаш немојте да изговорите „Не те сакам“, освен ако навистина не го мислите тоа … Кога ќе се кажат некои работи, нема веќе назад. Бирајте зборови и не заборавајте дека „од друга страна“ е некој што го сакате и кој ве сака.

 

Преиспитајте ги „старите рани“

Можеби коренот на вашите несигурности е во претходните лоши искуства. Размислете за тоа, не е добра идеја да се казни лицето со кое сте во врска затоа што сте биле повредени од претходениот партнер.

Прегледи:
695
Објавено на:
30.12.2019