Категории

Почина Марина Туцаковиќ, најпознатата српска авторка на текстови на многубројни хитови

Марина Туцаковиќ ја изгуби битката со тешката болест во 67. година од животот. Најпознатата српска авторка на текстови во 2018. година и бил дијагностициран малиген тумор на дојка, а од вторникот состојбата дополнително и се влошила, кога испитувањата покажале дека е и позитивна на корона вирус.

На 19-годишна возраст започнала со пишување песни, најчесто поп, а подоцна и турбо-фолк жанр, осмислувајќи текстови кои денес се балкански и светски хитови.

Марина на почетокот на својата кариера соработувала со групата Зана, а потоа и со многубројни познати имиња на балканската естрада меѓу кои и Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Здравко Чолиќ, Оливер Мандиќ, Џеј, Аца Лукас, Саша Матиќ како и со Тоше Проески.

Прегледи:
442
Објавено на:
19.09.2021