Категории

Почитувајте ги родителите кога ќе остарат, затоа што тие секогаш биле тука за вас

Емотивна приказна со многу силна порака

„80-годишниот човек седеше на каучот во својата куќа заедно со својот 45-годишен високо образован син. Одеднаш врапче слета на прозорецот.
Таткото го праша својот син: „Што е тоа?“ Синот му одговори: „Тоа е врапче.“ После неколку минути, таткото повторно го праша синот: „Што е тоа?“ Синот рече: „Татко, само што ти кажав, тоа е врапче“. После некое време, стариот човек повторно го праша својот син по трет пат, „Што е тоа?“

Во тој миг синот со повисок тон му одговори на својот татко: „Тоа е врабец, врабец!“
Кратко после тоа, таткото повторно го праша својот син: „Што е тоа?“
Овој пат синот извика: „Зошто постојано ми го поставуваш истото прашање, иако веќе неколку пати ти кажав ‘ТОА Е ВРАПЧЕ’. Зарем не можеш да сфатиш?“

Малку подоцна, таткото отиде во својата соба и се врати со стар искинат тефтер во кој пишувал уште откако се родил неговиот син. Кога ја отвори првата страница, го замоли својот син да прочита што пишува. Кога синот прочита, во дневникот беа напишани следните зборови:

„Денес мојот малечок син од три години седеше со мене на каучот кога слета врапче на прозорецот. Мојот син ме праша 23 пати што е тоа, и јас 23 пати му одговорив дека е врапче. Го прегрнав со љубов секој пат кога повторно ќе ми го поставеше истото прашање. Воопшто не се чувствував иритирано, чувствував само љубов кон моето мало невино дете.“

Додека малечкото дете прашуваше 23 пати „Што е тоа?“, таткото не беше изнервиран одговарајќи на истото прашање 23 пати и денес кога својот син го праша истото прашање само 4 пати, синот беше иритиран и лут.

Кога вашите родители ќе остарат, немојте да ги отфрлате и да ги гледате како терет, бидете внимателни спрема нив. Се грижеле за вас кога сте биле мало дете, о несебично ја делеле својата љубов.

Прегледи:
528
Објавено на:
27.12.2019