Категории

Почувствувајте ги благодетите на природната и органска козметика ORGANIQUE

Ви ја претставуваме новата природна и органска козметика од брендот Organique. Станува збор за полски бренд, кој е специјализиран за нега на лице и тело. Постои повеќе од 15 години и е застапен во многу земји во светот. Повеќето од производите сеуште се изработуваат рачно. Истите се карактеризираат со Safe Formula, не се тестирани на животни, голем дел се вегански производи, а дел од нив го имаат и сертификатот Eco Cert.

Особено интересни се некои од производите, кои досега воопшто ги немало на македонскиот пазар, како на пример белата глина, тоникот од хамамелис, прекрасната линија за нега на лице за хидратација на база на тиква, како и оригиналниот балсам против стрии кој е наменет и за трудници.

Производите се достапни во сите Cosmo маркети. Ве очекуваме што поскоро, да се запознаете со овој нов бренд, како и со целата палета од производи Organique.

Во меѓувреме подетални информации и карактеристики за производите можете на најдете на веб сајтот www.bellina.mk