Од утре, во поголемиот дел од земјава се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање снежна покривка.
УХМР информира дека од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.
Кон крајот на утрешниот ден на некои места врнежите ќе поминуваа во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.