Категории

„Подобро ништо отколку сешто!“ – Не се задоволувајте со просечност, таа е само чекор до пропаста

Просечноста секогаш е само чекор оддалечена од пропаста.

На какви не постапки се луѓето подготвени само за да останат во жарот на нечие внимание? Колку се подготвени да ги погазат своите принципи и уверувања само за биг да се почувствуваат како дел од некоја заедница која и не им е од некој преголем интерес? Сето тоа има последици, последици кои докажуваат дека човек веќе ја загубил својата индивидуалност, не е повеќе свој, и не е сигурен во своите цели и ја изгубил смислата на својот живот.

Сето тоа започнува од едно нешто – Преправањето во нешто кое не е. Се со цел да му се допадне некому ,прифаќа се, очајнички вложува се што има само за да добие барем малку за возврат.

„Подобро ништо, отколку сешто“ – рекле мудрите луѓе. И само оние кои кои гледаат на животот со отворени очи и не го носат превезот на илузијата ја знаат тежината на оваа изрека.
Само тие знаат дека ништо на светот не може да ја купи нивната индивидуалност, нештата кои ги прават посебни. Само оние кои ја познаваат скапоценоста на своето срце знаат дека не смеат да се задоволуваат со ништо помалку од она кое ги прави вистински исполнети.
Тие не си дозволуваат на себеси да се спуштат на скалилото кое ги задоволува просечните умови, затоа што просечноста не значи задоволство нити среќа.
Просечноста засекогаш е само чекор оддалечена од пропаста.

Прегледи:
461
Објавено на:
15.04.2020