Категории

Подварок на старински начин, јадење создадено за во зима.

Потребни состојки. За 4 лица  :

  • 1 кисела зелка (до 2 кг)
  • 1 главица кромид
  • 150 мл свинска маст
  • Свинско месо
  • Свинска сланина
  • Бибер
  • Ловоров лист

Зима е кога во куќата ќе замириса на подварок. Нема кој не го сака ова традиционално јадење.

Подготовка.

Исечете ја зелката на ситни парчиња, малку измијајте ја и процедете.

Загрејте ја маста, па на неа издинстајте го ситно исечканиот кромид и зелката.  Потоа додадете ги месото што претходно го исчекавте, и потоа пржете се заедно околу 20мин. Издинстаната смеса зачинете ја со бибер по вкус и ловоров лист, а потоа ставете ја во земјен сад. Парчињата сланина ставете ги над измешаната смеса. Печете додека зелката не стане мека, на 200 степени, околу 1час и половина, или 2 часа.

Добро се сервира со компир. Добар апетит !

Прегледи:
5126
Објавено на:
06.01.2016