“Business Insider” направи интервју со моментално најпопуларниот робот на светот, Софија, која неодамна стана државјанин на Саудиска Арабија, со што стана првиот робот- граѓанин на земјата.
Софија е дело на “Hanson Robotics” од Хонг Конг. Нејзините творци кажуваат дека нејзината цел е да учи, да се развива и со текот на времето да дојде до стадиум кога ќе може целосно да се вклопи помеѓу луѓето.
Како што и самата одговори, Софија за прв пат е активирана во 2015 година. Така, таа препознава лица и гласови, а е дизајнирана за да со текот на времето стане попаметна и да нејзините социјални вештини со текот на времето да се подобрат.
Понатаму, таа објаснува дека смета дека е женско, но свесна е дека кај роботите не се разликува пол.
Погледнете го видеото за да видите како се одвиваше интерјвуто.