Денот на вљубените е посебен ден за многумина кои ја слават љубовта и уживаат во одбирањето совршен подарок за саканите. Но, токму овој ден бил посебен и за ова семејство во кое токму тоа утро се родило теле со дамка на главата во форма на срце.
На една фејсбук страница „Love Ballymena“, беа споделени слики од новороденчето, заедно со трите деца на земјоделецот, Џек, Емили и Хари Мекаули кои не ја кријат возбудата и среќата за новиот член на семејството.
Поради денот на раѓање, семејството одлучило ова теле да го нарече „Биди мој Валентајн“.