Пристигна трејлерот за третата по ред филмска адаптација на популарниот стрип за “Spiderman”, а во него се откриени неколку клучни предвидувања за претстојниот филм.
Новиот филм ќе се вика “Spider-Man: Homecoming”, а фановите кои ги следат филмовите на “Marvel” веднаш ќе забележат дека дејството се случува недолго после она во “Captain America: Civil War”.
Улогата на Спајдермен овој пат ќе ја игра 20 годишниот Том Холанд, а претходно во улогата на овој суперхерој го гледавме Тоби Мегваер. Покрај Холанд, во филмот се појавуваат и Роберт Дауни Џуниор како Тони Старк, како и Мајкл Китон како негативец.
Премиерата на филмот “Spider-Man: Homecoming” е најавена за 7-ми јули 2017 година, а режијата ја потпиша Џон Вотс.