Категории

Погледнете ја атмосферата од 9-тиот Регионален собир на навивачи на Ливерпул во Backyard Lounge Bar & Kids

400 големи љубители на фудбалот, а посебно на нивниот омилен клуб Ливерпул се собраа во Скопје, овој пат организирани од страна на домаќините Macedonian Reds. Овие дружби се одржуваат традиционално седум години за ред.

Лани се собраа во Србија, догодина ќе се соберат во Црна Гора, а пред две недели беа во Скопје. Домаќините Macedonian Reds одлучија ова одлично дружење да го организираат во BackYard Lounge Bar & Kids Area со целодневно дружење со свирка, играње фудбал, пиво на тони, скара и секако гледање фудбал. Фотографиите ќе ви ја доловат неверојатната атмосфера, а на фан страната на Macedonian Reds, домаќините се обратија искажувајќи големо задоволство за настанот кое ви го пренесуваме во целост.

„Ќе ми требаат уште неколку денови да си ги средам емоциите, да ги регенерирам гласините жици и да отспијам солидни 15ина часа и пак не сум сигурен дали ќе можам да го пренесам сето она што го чувствувам за неверојатниот викенд кој го имавме.

9ти Регионален собир на навивачи на Ливерпул помина фантастично, во атмосфера која може да се создаде и доживее само на регионалните собири. Преку 400 луѓе од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, па дури и еден Скаузер од Ливерпул беа присутни во Скопје, направија да имаме неверојатна дружба и да се потсетиме дека “Ливерпул е една голема фамилија” и “You’ll never walk alone” не cе само празни флоскули, туку максими по кои се водат Црвените навивачи ширум светот, без разлика на националност, етникум, религија или било каква друга разлика.

Сите луѓе од соседните држави кои се вклучени во регионалните собири, кажаа дека од организациски аспект ова беше најдборо организираниот собир до сега. Оттука, едно огромно благодарам на целиот тим на BackYard Lounge Bar & Kids Area кој заврши неверојатна работа од средувањето на целиот простор, преку обезбедувањето на најголемиот видео бим на досегашните регионални собири, до одличната и брза услуга. На нив не гледам само како на место во кое го одржавмме собирот, туку како рамноправни коорганизатори кои преземаа ист товар за организирање на собиров како и фан клубот. Големо фала за Fat Kitchen за превкусната храна која ја пофалија буквално сите присутни. Собирот немаше да биде толку весел, гласен и динамичен доколку немавме кој да се погрижи за атмосферата, па неизмерно фала за Beta House Band и Irie Scratch кои направија супер штимунг, вклучувајќи низа навивачки песни во своите сетови. Благодарност и до сите луѓе кои фотографираа и снимаа на настанот, луѓето кои ни помогнаа за продажба на мерчот и организирањето на лотаријата, благодарност до дизајнерите за дизајните на маичките и дуксерите, фала на сите новинари, медиуми и портали кои информираа за собирот, како и сите останати кои помогнаа во организирањето и реализацијата на собирот.

И вака би можел до утре, а сигурен сум ќе заборавам некому да се заблагодарам, Она што не смеам да го заборавам е да ви се заблагодарам на сите кои дојдовте, се дружевте и си поминавте убаво на собирот. Вие сте единствената причина за која 7 години по ред луѓе од 6 држави организираат вакви работи. Продолжете да одите на овие собири, продолжете да ширите позитивна порака, пријателство и љубов и мотивирајте ги сите оние кои се двоумат дали да отидат на следниот регионален собир – да го направат тоа.

Се гледаме следната година во Црна Гора. 

Прегледи:
742
Објавено на:
11.11.2019